среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 166
home Вести

Во Германската армија минатата година уапсени седум екстремисти

Во Германската армија минатата година уапсени седум екстремисти

Во германската армија минатата година биле уапсени седум екстремисти, јавија денеска локалните медиуми повикувајќи се на статистички податоци од Воената контраразузнавачка служба (МАД).

Вкупно четворица од уапсените биле десничарски екстремисти, а тројца биле исламисти.

Според извештаите, во седум случаи биле спроведени дисциплински или судски постапки, а повеќето осомничени го напуштиле Бундесверот.

Минатата година МАД регистрирала 270 осомничени случаи на десничарски екстремизам, стотина помалку отколку претходната година, кога имало 379 такви случаи.

Во исто време, имало мало зголемување на сомнителни случаи на исламизам: во 2017 година имало 46, а во 2018 година тој број се зголемил на 50.

MAД е најмалата германска тајна служба. Меѓу нејзините должности се и спречување шпионажа и саботажа во Бундесверот, како и водење истраги за екстремистички ставови и активности на војниците.

Локални избори 2021