вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 77
home Вести

Во Германија се појави африканска свинска чума

Во Германија се појави африканска свинска чума

-За жал, сомнежот во првиот случај на африканска свинска чума е потврден, рече Јулија Клокнер откако Институтот Фридрих Лофлер потврди дека дива свиња пронајдена во близина на германско-полската граница починала од африканска свинска чума.

Надлежниот институт соопшти дека во областа каде е пронајдена мртвата дива свиња, „се бараат нови случаи“.

Во последните месеци, случаи на свинска чума се откриени во западна Полска, балтичките земји и Бугарија и Романија.

Африканската свинска чума е безопасна за луѓето дури и ако се консумира месо од заразено животно, но, како што истакна министерката Клокнер, тоа е „во 100 проценти од случаите“ смртоносно кај свињите, диви и домашни.

Земјоделските здруженија во сојузната држава Бранденбург, каде е пронајдена мртвата свиња, стравуваат од ограничувања и забрана за продажба на свинското месо.

-Сега најважно е да се избегне најлошото и да се спречи ширењето на инфекцијата кај свињите во фармите, рече Хенрик Вендорф, претседател на Здружението на земјоделци во Бранденбург.

Федералното Министерство за земјоделство објави дека е во контакт со Европската комисија, како и со кинеските власти. Кина е позната како најголем увозник на свинско месо од Германија.

Коронавирус