понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 39
home Вести

Во Германија рекордни 962 смртни случaи од Ковид-19

Во Германија рекордни 962 смртни случaи од Ковид-19

Германија регистрираше 962 смртни случаи од коронавирус во последните 24 часа, што е нов рекорд, соопшти рано утринава Институтот за заразни болести „Роберт Кох“ (РКИ) во Берлин, пренесе ДПА.

Претходниот рекорд беше постигнат минатата недела, кога Иниститут информира за 952 инфекции.

Денеска се регистрирани и 24.740 новоинфицирани случаи, пренесува германската агенција, повикувајќи се на РКИ.

Вкупниот број на лица кои досега умреа како последица на инфекцијата со коронавирус се зголеми на 27.968.

Зголемениот број на инфекции и смртни случаи предизвикува притисок врз здравствените системи во Германија, додава ДПА.

Коронавирус