вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 188
home Вести

Во Германија ќе се воведуваат даночни олеснувања за лицата кои работат од дома

Во Германија ќе се воведуваат даночни олеснувања за лицата кои работат од дома

Владата на канцеларката Ангела Меркел најави дека во понеделник планира да предложи даночно олеснување за луѓето кои работат од дома за време на пандемијата, за да им се надоместат повисоките трошоци за сметки за греење, електрична енергија и другите сметки, пренесоа француските медиуми.

Коалицијата на Меркел соопшти дека се согласува со предлогот што на вработените кои работат од дома им овозможува да ја намалат годишната даночна сметка за пет евра дневно, до максимум 600 евра годишно.

Министерот за финансии, Олаф Шолц, изјави дека предложениот предлог закон, што се очекува да биде одобрен од парламентот во декември, е „добар за работниците“ и „не претставува голем фискален предизвик за германската држава“.

Даночното законодавство во Германија предвидува вработените кои работат од дома вообичаено да имаат право на попусти само доколку една просторија од станот/куќата се користи исклучиво како канцеларија. Но, со милиони работници кои канцелариската работа ја изведуваат од дневната соба и кујнските маси за да го намалат ризикот од пренесување на Ковид19, се зголемија и барањата за олеснување на правилата.

Институтот Ифо проценува дека околу 56 отсто од германските вработени би можеле да работат привремено од дома.

Постојниот закон „веќе не кореспондира со денешниот работен свет“, изјави Себастијан Брем, пратеник и даночен советник на баварската Христојанско-сицијална Унија, партија сојузник на ЦДУ на Меркел. Планираното даночно олеснување е „еластичен одговор“ на тоа, рече Брем.

-Тоа што останува нерешено е дали предлогот за данок за домашна канцеларија ќе биде вклучен во даночното олеснување од 1.000 евра, што секој германски вработен веќе го добива годишно за трошоците поврзани со работата, како што се транспортот и опрема за канцеларијата, или ќе биде и преку оваа сума, додаде Брем.

Коронавирус