петок, 26. февруари 2021. Вести денес: 4
home Вести

Во Германија до сега од корона вирус починале над 50 илјади луѓе

Во Германија до сега од корона вирус починале над 50 илјади луѓе

Вкупниот број на смртни случаи предизвикани од коронавирусот во Германија денеска го надмина прагот од 50.000, соопшти Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“.

Од почетокот на пандемијата, институтот регистрирал вкупно 50.642 смртни случаи во Германија, од кои 859 во изминатите 24 часа – релативно низок број оваа недела.

Германските власти ги продолжија ограничувачките мерки против Ковид-19 – затворени училишта и продавници што не продаваат стоки за основни потреби до 14 февруари.

Коронавирус