понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 153
home Вести

Во Германија близу 1.800 новозаболени, во Чешка под 2.000

Во Германија близу 1.800 новозаболени, во Чешка под 2.000

Нови 1.798 случаи на коронавирус се регистрирани во последните 24 часа во Германија, соопшти Институтот „Роберт Кох“.

Од последниот пресек, Во Германија починале 17 лица. Вкупниот број на заразени е 287.421 лица, додека животот го загубиле 9.500.

Чешка во последните 24 часа брои нови 1.965 случаи на Ковид-19, што според податоците на Министерството за здравство четврти ден по ред бројот на новозаболени е под 2.000.

Регистрирани се и нови 18 смртни случаи. Чешка е земја во Веропа која во септември бележи највисок пораст на заболените од коронавирус.

Поради големиот скок на заразени, владата беше приморана да врати некои од мерките за да се намали ширењето на вирусот. Една од мерките е задолжително носење маска во затворен простор, јавен превоз, во училиштата.

Вкупниот број на заразени во Чешка е речиси 68.000, а починати се 636 лица.

Коронавирус