петок, 18. септември 2020. Вести денес: 34
home Вести

Во француско пристаниште запленети 1,3 тони кокаин

Во француско пристаниште запленети 1,3 тони кокаин

Француските власти заплениле 1,3 тони кокаин скриени во контејнер со вреќи ориз од Јужна Америка во пристаниште на северот на државата, изјави неименуван извор запознаен со случајот.

Контејнерот бил пресретнат во пристаништето Лон-Плаж, во близина на Денкерк, пристигнал од Суринам, објави локален француски весник.

Неименуван извор изјавил дека во Франција ретко се запленува повеќе од еден тон дрога и дека овој случај е „сигурно рекорд за Денкерк“.

Царинските службеници ја откриле дрогата во понеделникот додека проверувале контејнер во пристаништето за време на претовар на стока.

Засега нема уапсени, а истрагата ја води полицијата во градот Лил. (МИА)

Коронавирус