сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

home Вести

Во Франција традиционалната воена парада ќе биде заменета со церемонија за оддавање почит на здравствените работници

Во Франција традиционалната воена парада  ќе биде заменета со церемонија за оддавање почит на здравствените работници

По повод 14 јули – Националниот празник на Франција наместо традиционалната парада на Елисејските полиња ќе се одржи воена церемонија на плоштадот Конкорд, на која исто така ќе им се оддаде почит на здравствените работници, јави дописникот на МИА.

На церемонијата, како што соопшти Елисејската палата, ќе присуствуваат 2.000 учесници и околу 2.500 гости, во согласност со правилата за физичка дистанца.

Церемонијата, која ќе вклучува воздушна парада, ќе и оддаде почест на учеството на француските армии во борбата против Ковид-19, како и на медицинскиот персонал, на кој Французите им аплаудираа секоја вечер за време на изолацијата, како и на сите актери мобилизирани против вирусот, се наведува во соопштението од Елисејската палата.

Во моментов не е планирано да се отвори настанот за пошироката јавност, но „ситуацијата би можела да се преиспита до 14 јули“ доколку се подобри здравствената состојба.

На 13 мај претседателот на Франција, Емануел Макрон побара од Советот на министри Националниот празник да биде дополнителен повод да им се изрази почит и признание на сите оние што се вклучени во борбата против Ковид-19.

Парламентарни избори 2020