среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 175
home Вести

Во Франција слета авион со државјани на 30 земји од Кина, меѓу кои и една Македонка

Во Франција слета авион со државјани на 30 земји од Кина, меѓу кои и една Македонка

Авион со 250 француски и други европски државјани, кои се евакуирани од кинескиот град Вухан, слета денеска во воената база во Истр, во јужниот дел на Франција.

– Околу 65 француски граѓани ќе бидат сместени во карантин или во летувалиштето Кери-ле-Руе, како и во пожарникарскиот тренинг центар во близина на Ео-Ен-Провенс, изјави државниот секретар за детска заштита, Адриен Таке.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дријан истакна дека со авионот се превезени државјани на 30 земји, а оние кои не се од Франција веќе си заминале во своите држави.

Коронавирус