вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Во Франција потврдени 285 случаи на заразени со коронавирус

Во Франција потврдени 285 случаи на заразени со коронавирус

Во Франција досега се регистрирани 285 лица заразени со коронавирус, од кои 15 сериозни случаи. Тоа се последните официјални бројки, а властите очекуваат зголемување на бројот на заразените, јави дописникот на МИА.

Здравствените власти утврдија дека десетина лица се заразиле на Собирот на евангелистичката црква „Отворена врата“, кој се одржал од 17 до 24 февруари во Мулуз. Еден од заболените е доктор по општа медицина, Џонатан Петершмит, кој сведочи за неговата здравствена состојба.

–Бев внимателен, можеби е полесно за мене затоа што сум лекар. Започна со многу силна настинка, кашлица … Во мојот случај, ова не беа многу сериозни симптоми на грип. Да не слушнав за коронавирусот, не би се ни сомневал во тоа, вели Петершмит.

Министерот за здравство Оливие Веран потсети дека во 80 отсто од случаите, лицата кои биле тестирани и позитивни на тестот, ги имале истите симптоми како настинка, треска, температура, главоболка и потешки респираторни симптоми во 15 отсто од случаите.

Според епидемиолошкиот билтен, најмногу заболени од коронавирусот се на возраст меѓу 18 и 64 години (52 отсто). Потоа млади под 18 години (21 отсто), над 75 години (16 отсто) и од 65 до 74 години (11 отсто).

Франција сигурно ќе премине во трета фаза на епидемија, кога ќе се прогласи ограничено движење на населението. Властите започнуваат да го поставуваат и прашањето за одржувањето на општинските избори закажани за 15 и 22 март.

Коронавирус