среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Во Франција од петок се затвораат сите дискотеки

Во Франција од петок се затвораат сите дискотеки

Францускиот премиер Жан Кастек денеска изјави дека дискотеките ќе бидат затворени во следните четири недели, почнувајќи од петок.

Одлуката за затворање на дискотеките тој ја образложи со напредокот на петтиот бран на Ковид 19 и тешкотиите во примената на мерките за социјално дистанцирање во овие објекти, пишува францускиот весник „Фигаро“.

– Вирусот циркулира меѓу младите и тешко е да се носат маски на овие места – истакна францускиот премиер во телевизиско обраќање.

Франција не е единствената земја која донела ваква одлука, наведува весникот и додава дека неколку дена претходно и Белгија одлучила да ги затвори дискотеките за да го запре наглото зголемување на нови инфекции.

Коронавирус