недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Во Финска се влошува ситуацијата со пандемијата

Во Финска се влошува ситуацијата со пандемијата

Бројот на заразени со коронавирусот во Финска е зголемен за 122 на 14.970, објави денеска Финскиот национален институт за здравство и социјален развој и предупреди дека епидемиолошката состојба во земјата се влошува.

Досега во Финска од Ковид-19 починале 353 лица.

Откако им забрани влез на странските државјани во земјата помеѓу 19 март и 13 мај, Финска на 19 септември ги отвори своите граници. Властите тогаш рекоа дека луѓето кои доаѓаат од земји каде што бројот на заразени на 100.000 жители е 125 во текот на претходните две недели не мора да одат во карантин по пристигнувањето во Финска.

Од 1 октомври, граѓаните кои доаѓаат од земји со повеќе од 125 заразени на 100.000 жители ќе можат да влезат во Финска без карантин само со два негативни теста за коронавирусот – едниот направен пред поаѓање на пат, а другиот направен по пристигнувањето во земјата. (МИА)

Коронавирус