вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 143
home Вести

Во Фајзер очекуваат 15 милијарди долари приход од продажбата на вакцината

Во Фајзер очекуваат 15 милијарди долари приход од продажбата на вакцината

Американскиот фарамцевтски гигант „Pfizer“ во вторникот објави дека во 2021 година од продажбата на вакцината против коронавирусот која ја разви со германската биотехнолошка лабораторија „NioNTech“ очекува приходи од околу 15 милијарди дилари.

Американски „Pfizer“ заедно со германски „BioNTech“ разви вакцина за заштита од болеста Covid-19, која беше првата која доби одобрување за употреба во САД, кон средината на декември минатата 2020 година. Кон крајот на ланскиот декември итно беше одобрена и во Европската унија.

Во периодот од октомври до декември 2020 година продажбата на оваа вакцина на „Pfizer“ му донела приходи од 154 милиони долари, покажува деловниот извештај на компанијата објавен во вторникот.

Вкупните приходи на американскиот фармацевтски гиганд во последните три минатогодишни месеци пораснале за 12 отсто, на 11,7 милијарди долари. Во целата мината година биле за 2 отсто поголеми отколку претходната 2019 година и изнесувале 41,9 милијарди долари.

Годишната нето добивка, пак, била наменета 41 отсто, на 9,62 милијарди долари.

Во оваа година компанијата очекува добивка во распон од 59,4 до 61,4 милијарди долари. Тоа би значело дека ќе бидат повеќе од 42 до 47 отсто отколку 2020 година.

ЕУРО 2020

Македонија