сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 112
home Вести

Во Европскиот парламент ќе може да се влегува само со ковид пропусници: Некои европратеници сметаат дека ова е кршење на основните права

Во Европскиот парламент ќе може да се влегува само со ковид пропусници: Некои европратеници сметаат дека ова е кршење на основните права

За влезот во просториите на Европскиот парламент во Брисел, Стразбург и Луксембург од 3 ноември ќе биде потребна дигитална ковид-пропусница.

Таа мерка, како што пренесува бриселскиот Политико, важи и за пратениците и за вработените во парламентот. Одликата ја донел генралниот секретар Клаус Веле, откако мнозинството претседатели на одбори и потпретседатели го поддржаа воведувањето на сертификатот.

Новата мерка предизвика и бес меѓу поедини европратеници кои на тоа гледаат како кршење на нивните основни права.

Во писмото до претседателот на парламентот, Дејвид Сасоли, тие посочија дека ЕП ќе биде првата институција во Европа што ќе воведе ваква мерка.

– Тоа ќе биде кршење на основните принципи на демократијата. Избраниот претставник кој ги исполнува законските обврски, никогаш не смее да биде спречен да влезе во Парламентот, се наведува во писмото.

Коронавирус