четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Вести

Во ЕУ лани откриени над 40.000 Албанци со илегален престој

Во ЕУ лани откриени над 40.000 Албанци со илегален престој

Албанците се на прво место по бројноста на листата на лица со илегален престој откриени во земјите на Европската унија во текот на 2017. година, покажуваат официјалните податоци на Евростат.

Во текот на минатата година откриени се 40.025 албански државјани кои престојувале во некоја западноевропска земја без документи, со што нивниот број е поголем дури и од оној на Сиријците, Авганистанците и Ирачаните.

Во периодот од 2008. до 2017. година откриени се дури 415.900 албански државјани со илегален престој во ЕУ, при што најголемиот процент од нив во 2008. и 2009. година.

Според Евростат, лани во Албанија биле вратени 31.000 албански државјани, а една година претходно 43.000.

Во 2016. година Албанците биле први на листата според бројот на депостирани, имајќи предвид дека Албанија се смета за безбедна земја.

МИА

Коронавирус