понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 162
home Вести

Во ЕУ 16 отсто од компаниите имаат интернет продажба

Во ЕУ 16 отсто од компаниите имаат интернет продажба

Во Европската унија 16 проценти од компаниите со помалку од 10 вработени имаат интернет продажба. Во 2016 година тие примале порачки преку веб-страници и апликации од страна на поединци или од други компании.

Речиси сите тие компании продаваат во својата земја, нешто помалку од половината во ЕУ, а нешто повеќе од четвртина и надвор од ЕУ.

– Бројот на европски компании кои продаваат производи преку интернет од 12 проценти во 2010 година порасна на околу 16 проценти во 2014 година и оттогаш е стабилен, објави Европската статистичка служба.

Во Ирска, Шведска и Данска веб-продажба практикува четвртина од компаниите, во Холандија и Белгија една петтина, а во Романија, Бугарија, Полска, Италија и Летонија секое десетто претпријатие.

Речиси сите компании во ЕУ кои тргуваат преку интернет им продаваат на потрошувачите во својата земја, а кога станува збор за прекугранична електронска продажба тогаш се гледа разликата.

Најмногу компании од ЕУ кои продаваат преку интернет на купувачи во другите членки на ЕУ во 2016 се регистрирани на Кипар (71 процент), следува Австрија (69 проценти) и Луксембург (61 процент). Најмалку такви, третина или помалку, има во Финска, Романија, Данска и Шведска.

Коронавирус