среда, 5. август 2020. Вести денес: 175
home Вести

Во Ерусалим протест и судир со полицијата поради мерките за карантин

Во Ерусалим протест и судир со полицијата поради мерките за карантин

Ултра-православни демонстранти се собраа синоќа во еден кварт во Ерусалим каде во сила се мерки за карантин, за да протестираат против воведените ограничувања, а дел од нив се судрија со полицијата.

Околу 400 луѓе протестираа доцна синоќа во ерусалимската област Ромема.

Некои од нив се судрија со полицијата и запалија голем куп смет. Израелската полиција потврди дека најмалку едно лице е уапсено.

Со оглед на тоа што земјата се соочува со зголемување на бројот на заразени, израелските власти почнаа да воведуваат ограничувања за одредени градови и делови од градовите, кои се најтешко погодени од пандемијата.

Повеќето од тое области се ултра-православни, а нивните жители сметаат дека неправедно се издвоени како особено ризични во однос на ширењето на вирусот.

Коронавирус