понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 154
home Вести

Во Ерменија прогласена воена состојба и општа мобилизација

Во Ерменија прогласена воена состојба и општа мобилизација

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан прогласи воена состојба и општа мобилизација по гранатирањето во зоната на конфликтот во Нагорно-Карабах.

Тоа го објави самиот Пашинијан, а пораката се појави на англиски јазик на официјалниот профил на Владата на Твитер. Премиерот е цитиран со зборовите дека ова е сторено „за доброто на татковината, за победата“.

Сега сите војници во Ерменија мора да се појават во нивните територијални воени комисии.

Руското Министерство за надворешни работи ги повика страните вклучени во конфликтот во Нагорно Карабах веднаш да престанат со огнот и да почнат преговори за стабилизирање на ситуацијата.

Министерството во соопштението посочи дека состојбата во регионот нагло се влошила.

Утрово се случи нова ескалација во регионот Нагорно Карабах.

Ерменија објави дека Азербејџан започнала офанзива во правец на Нагорно Карабах, додека Баку наведува дека тие преземаат само реципрочни мерки против дејствијата на Ерменија во таа област.

Министерството за одбрана на Ерменија објави дека ерменските сили собориле два азербејџански хеликоптера и три беспилотни летала во Нагорно Карабах.

Министерството за одбрана на Азербејџан претходно објави дека ерменските сили пукале по линијата на раздвојување и дека имало жртви меѓу цивили. (МИА)

Коронавирус