сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 8
home Вести

Во епидемија на сипаници на Самоа живот загубија 50 деца

Во епидемија на сипаници на Самоа живот загубија 50 деца

Во епидемијата на сипаници во Самоа животот го загубија 50 деца, а властите брзаат да го вакцинираат целото население.

Владата на таа држава во Јужен Пацифик соопшти денеска дека уште пет деца починале во изминатите 24 часа и дека епидемијата се шири.

Во Самоа, од крајот на октомври починаа вкупно 53 луѓе, вклучувајќи еден возрасен и двајца тинејџери постари од 14 години. Повеќето од смртните случаи се доенчиња или мали деца, вклучително и 23 новороденчиња под една година и 25 новороденчиња на возраст меѓу една и четири години.

Самоа прогласи вонредна состојба минатиот месец и издаде наредба да се вакцинираат сите 200.000 луѓе што живеат на островот. Според надлежните, минатиот месец биле вакцинирани околу 33.000 лица, а оттогаш се вакцинирани уште 58.000 лица.