вторник, 7. јули 2020. Вести денес: 124
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Во експлозија во фабрика за хемикалии во Индија загинаа осум лица, 174 се повредени

Во експлозија во фабрика за хемикалии во Индија загинаа осум лица, 174 се повредени

Најмалку осум работници загинаа, а 74 се повредени откако денеска експлозија предизвика голем пожар во фабрика за хемикалии во Западна Индија, соопштија тамошните власти.

Околу 5.000 луѓе од околните села во областа Бхухур, во сојузната држава Гуџарат, се евакуирани како мерка на претпазливост, изјави висок официјален претставник на регионот, МД Модија.

– Осум работници загинаа по експлозија во агро-хемиска фабрика во хемиски резервоар, рече Модија.

Спасувачките служби ги транспортирале повредените работници во болница, каде се утврди дека состојбата на дел од нив е многу сериозна.

Пожарот ја зафати фабриката, а потребни беа десетици пожарникари кои за пет часа успеаја да го стават огнот под контрола. 

Парламентарни избори 2020