сабота, 28. март 2020. Вести денес: 111
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Во експлозија на бомба во Авганистан загинаа 10 цивили, меѓу кои 4 жени и едно дете

Во експлозија на бомба во Авганистан загинаа 10 цивили, меѓу кои 4 жени и едно дете

Во експлозија на бомба, активирана во близина на пат во централниот дел на Авганистан, загинаа 10 цивили, меѓу кои и четири жени и едно дете, потврдија властите во земјата.

Во експлозијата во провинцијата Газни, повредени се и шест цивили, прецизираше портпаролката на Министерството за внатрешни работи Марва Амини.

Настраданите биле во минибус, кога нивното возило наишло на мина. Досега никој не ја презеде одговорноста, но Амини ги обвини Талибанците, кои контролираат поголем дел од регионот.