сабота, 20. октомври 2018. Вести денес: 76
home Вести

Во Египет осудени 17 лица на смрт поради напади врз цркви

Во Египет осудени 17 лица на смрт поради напади врз цркви

Египетскиот воен суд денеска осуди 17 лица на смртна казна поради вмешаност во бомбашки напади врз три христијански цркви и полициски пункт во 2016 и 2017 година, при што загинаа повеќе од 80 луѓе.

Покрај тоа, осудени се и 19 лица на доживотен затвор поради напади врз цркви во Каиро, во Александрија и во Танта.

Исламска држава презеде одговорност за нападите во Александрија и во Танта. Во април 2017 година, пред Велигден беа изведени два самоубиствени напади при што загинаа 45 луѓе.

ИД презеде одговорност и за нападот во декември 2016 година врз капела до црквата Свети Марко во Каиро, при што беа убиени 28 лица.

Меѓу обвинетите се и осомничени за минатогодишниот напад врз контролен пункт во египетската Западна Пустина, при што загинаа најмалку осум полицајци.

Египатските христијани се на мета на исламските екстремисти во низа бомбашки и самоубиствени напади од декември 2016 година, при што се убиени над сто луѓе.

МИА