сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 91
home Вести

Во државен карантин оние кои од Велика Британија ќе пристигнат на Кипар

Во државен карантин оние кои од Велика Британија ќе пристигнат на Кипар

Државен карантин во траење од седум дена и тридневна домашна изолација воведува Кипар за сите оние кои ќе пристигнат од Велика Британија, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерството за здравство на Кипар соопшти дека од 18 часот попладневно, од превентивни причини, сите патници од Велика Британија, по пристигнувањето ќе бидат тестирани, а потоа пренесени во хотели каде што седум дена ќе останат во карантин.

На седмиот ден, повторно ќе им се прави тест за Ковид-19, а оние кои ќе добијат негативен резултат ќе треба да поминат три дена во домашен карантин.

Трошоците за пренесувањето и сместувањето во хотелите ќе бидат на трошок на државата.

Од Министерството додаваат дека позитивните примероци на оние кои во изминатата седмица пристигнале од Велика Британија, ќе бидат доставени до Институтот за неврологија и генетика за да се оцени евентуалното постоење на мутираниот вид на коронавирусот.

Коронавирус