четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Во Чиле се зголемуваат даноците за богатите луѓе

Во Чиле се зголемуваат даноците за богатите луѓе

Парламентот на Чиле донесе закон со кој се зголемуваат даноците на богатите и се намалува даночното оптоварување на старите лица и малите бизниси.

Мерката беше изгласана по неколкумесечни протести против нееднаквостите во јужноамериканската држава.

Се очекува да се зголеми износот на пари собрани од државата и да се финансираат барањата на другите демонстранти, вклучувајќи гарантирана минимална плата, пензиска реформа и промени во здравствената заштита.

Даноците на Чилеанците кои заработуваат над 18.900 долари месечно или на оние кои имаат втор имот се зголемуваат. Корпоративниот данок за големите компании ќе стане 27 проценти.

Измените се очекува да стапат на сила во март откако ќе бидат разгледани од Уставниот суд.

Коронавирус