четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 186
home Вести

Во четврток ќе се одржи специјална седница на Советот за човекови права на ОН

Во четврток ќе се одржи специјална седница на Советот за човекови права на ОН

Советот за човекови права на Обединети нации в четврток ќе одржи вонреден состанок на барање на Киев и со поддршка на десетина земји за „влошувањето на состојбата со човековите права во Украина“, која е под руска инвазија.

Тоа е прв состанок на оваа тема откако Генералното собрание на ОН ја суспендираше Русија на почетокот на април од највисокото тело за човекови права.

Русија, која предвиде дека ќе биде суспендирана и претходно се откажа од статусот членка на Советот за човекови права, може, доколку сака да учествува на состанокот в четврток како земја набљудувач, со право на одговор.

– Сегашната ситуација бара итно внимание на Советот во однос на наводите за воени злосторства и кршење на човековите права во Буча и другите области на Украина, како и наводите за масовни жртви во Мариупол, истакна украинската амбасадорка во ОН, Јевгенија Филипенко во писмо испратено до претседателот на Советот на ОН за човекови права.

Писмото е со денешен датум и е потпишано од 55 други земји.  (МИА)

Коронавирус