понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 87
home Вести

Во Чешка повторно отворени баровите, рестораните и продавниците (ВИДЕО)

Во Чешка повторно отворени баровите, рестораните и продавниците (ВИДЕО)

Откако со недели се бореа со една од најлошите локални епидемии на коронавирус и покрај стравувањата дека повторното отворање може да го разгори, Чесите побрзаа во продавниците,на фризери, ресторани и кафулиња, со ограничен број луѓе.

„Ова е голема работа и мислам дека придонесува за божиќната атмосфера“, рече Марсела Jудлова која купувала на централниот плоштад во Прага.Дневните инфекции, сепак, сè уште се бројат со илјадници, а стапката на смртност е сè уште една од највисоките во Европа.

Соседните земји засега остануваат затворени. Германија вчера објави дека ќе ги продолжи мерките, вклучително и затворање на рестораните до 10 јануари 2021 година.

„Го чекавме ова два месеци“, вели универзитетскиот професор Јан Кочи, кој заедно со колегите бил во паб во Прага. „Пиевме едно пиво за ручек и уште три после тоа.Хавел Паркан, сопственик на барот „Џерихо“ во Прага, рече дека е полн во наредните два дена, што е големо олеснување откако неговиот промет опаднал за 80 проценти минатиот месец.

За продавниците за облека, повторното отворање дава трошка надеж дека нешто сè уште може да заразботат во сезоната на празници.„Беше апсолутно катастрофално, бидејќи бевме затворени 40 дена и без никакви приходи“, изјавил сопственикот Вацлав Хрбек.

Коронавирус