понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 103
home Вести

Во цела Каталонија е прогласен генерален штрајк

Во цела Каталонија е прогласен генерален штрајк

Стотици илјади демонстранти пристигнаа во Барселона , каде десетици веќе се судрија со полицијата , а во цела Каталонија е прогласен генерален штрајк.

Во очекување на вечерните големи протести , најавувани претходните два дена , специјалците прават барикади и го насочуваат движењето на стотиците илјади Каталонци , кои се слеваат во Барселона.

Демонстрантите од утрово ја затворија границата со Франција, а најмалку уште 25 автопати се блокирани.

На аеродромот „Ел Прат“ во близина на Барселона, 55 летови беа превентивно откажани, од кои 36 од шпанската авиокомпанија Вуелинг. Другите летови во моментот се одвиваат според предвиденото.

Возовите и градското метро работат, но со минимален капацитет.

Илјадници демонстранти влегуваат во Барселона, започнувајќи го Маршот на слободата, долг најмалку 100 километри од пет каталонски градови. Ним им се придружи шестата колона од Кастелдфелс, град близу Барселона.