понеделник, 18. март 2019. Вести денес: 108
home Вести

Во бурата Флоренс загинаа 23 лица, најавени големи поплави

Во бурата Флоренс загинаа 23 лица, најавени големи поплави

Бурата Флоренс, иако ослабена, и понатаму предизвикува огромна штета во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина, додека се движи крај американскиот источен брег кон Вирџинија и Нова Англија.

Бројот на жртви се зголеми на најмалку 23, од кои 17 загинаа во Северна Каролина.

Метеоролозите истакнуваат дека поради историскиот раст на нивото на реките, најлошото допрва ќе се случува и предупредуваат на големи поплави, лизгање на земјиште и излевање реки во следните неколку денови.

Во меѓувреме, Флоренс ослабна до ниво на циклон кој сепак, со себе носи поројни дождови и силни ветрови.