четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 82
home Вести

Во Британија вакцинирани речиси 140.000 луѓе со првата доза од вакцината против Ковид-19

Во Британија вакцинирани речиси 140.000 луѓе со првата доза од вакцината против Ковид-19

Луѓето мора да примет две дози од вакцината, во период од 21 ден, така де никој кој ја примил првата доза не е целосно заштитен.

Речиси 140.000 луѓе во Велика Британија ја примиле првата доза од вакцината против Ковид-19 во оваа недела, соопшти денес министерто надлежен за вакцинирањето.

Вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек “ е одобрена за вонредна употреба пред две недели, додека масовното вакцинирање започна на 8 декември, правејќи ја Британија првата земја која започнала програма за имунизација надвор од клиничките проби.

-Навистина добар почеток на програмата за вакцинација. Поминаа седум дена и ова го остваривме: Англија- 108.000, Велс- 7.897, Северна Ирска- 4.000, Шкотска- 18.000. Вкупно во Велика Британија 137.897 вакцинирани, напиша на Твитер министерот Надхим Захави.

Луѓето мора да примет две дози од вакцината, во период од 21 ден, така де никој кој ја примил првата доза не е целосно заштитен.

Британија нарачала вкупно 40 милиони дози од вакцините на „Фајзер“.

Локални избори 2021