понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 178
home Вести

Во Бразил траект урна мост: Во паника се трага по настрадани

Во Бразил траект урна мост: Во паника се трага по настрадани

Во сојузната бразилска држава Пара, во северниот дел на земјата, траект удрил во мост, по што дел од мостот, околу 200 метри, се срушил во реката.

Во реката паднале и два автомобила, а нуркачи се во потрага по настрадани, јави Би-Би-Си, наведувајќи дека екипажот на траектот не е повреден.

Мостот, долг вкупно 860 метри, се наоѓа на патот кон Белем, едно од најпрометните бразилски пристаништа.

Во моментот се отстрануваат остатоците од срушениот дел од мостот во реката и се организира транспорт на населението сè додека мостот не се поправи.

Како што објавија локалните медиуми, инспекторите оваа година најдоа корозија на столбовите на мостот, поради што Владата побара средства за поправки, но не се сметаше дека мостот треба да се затвори.

Гувернерот на државата Пара, по несреќата, прогласи вонредна состојба.

Коронавирус