четврток, 29. јули 2021. Вести денес: 70
Во живо

Прес-конференција на Христијан Мицкоски

home Вести

Во Бразил рекорден број на новозаразени од коронавирус во еден ден

Во Бразил рекорден број на новозаразени од коронавирус во еден ден

Во Бразил беше постигнат рекорд со над 115.000 случаи на заразени со коронавирус во еден ден, соопштија здравствените власти.

Според Министерството за здравство, во Бразил во последните 24 часа е забележан еднодневен рекорд од 115.228 ново потврдени случаи со коронавирус, заедно со 2.392 смртни случаи од Ковид-19.

Бразил бележи повеќе од 18 милиони случаи на заразени од почетокот на пандемијата со коронавирус, додека официјалниот број на починати се искачи на 507.109 лица, соопшти Министерството.

Коронавирус