понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 133
home Вести

Во Бразил повеќе од 6.600 нови случаи на коронавирусот

Во Бразил повеќе од 6.600 нови случаи на коронавирусот

Бразил вчера регистрира повеќе од 6.600 нови случаи на коронавирусот и повеќе од 290 починати, покажаа најновите податоци на локалните власти.

Министерството за здравство соопшти за 6.633 новозаразени и 296 смртни случаи во последните 24 часа. Со ова, вкупниот број на потврдени случаи на заразени во Бразил достигна 107.780, а бројот на починати 7.321.

Најтешка е ситуацијата во државата Сао Паоло и истоимениот главен град. Во регионот има повеќе од 32.000 заразени и над 2.600 починати.

Следува државата Рио де Женеиро со повеќе од 11.000 заразени и над илјада починати.

Бразилското Министерство за здравство претходно прогнозира стабилизирање на ситуацијата со епидемијата во земјата во јули, постепено забавување на ширењето на заразата во август, и пад во септември.

Коронавирус