Во Бразил за првпат во текот на 24 часа како последица од коронавирусот починаа над 4.000 луѓе.
Од новиот тип на коронавирус починале 4.195 лица. Досега во Бразил оздравеле 11.558.784 лица претходно позитивни на Ковид-19. Во последните 24 часа во земјата Ковид-19 е причина за смртта на 4.195 лица. Бројката на починати во текот на последното деноноќие претставува највисока бројка на починати од почетокот на пандемијата во Бразил на дневна основа. Вкупната бројка на починати се зголеми на 336.947.
Претседателот Жаир Болсонаро се спротивставува на воведување какви било мерки за контрола на инфекцијата. Вели дека штетата врз економијата би била дури и полоша од влијанието на самиот вирус и се обиде да укине некои мерки преземени од локалните власти во судовите. Тој смета дека карантинот води кон депресија.