среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 140
home Вести

Во болниците во Вухан нема повеќе заболени од новиот коронавирус

Во болниците во Вухан нема повеќе заболени од новиот коронавирус

Портпаролот на кинеката Националната здравствена комисија Ми Фенг денеска изјави дека во болниците во Вухан нема повеќе заболени од Ковид-19.

– Последната вест е дека на 26 април бројот на новозаболени од коронавирусот во Вухан е нула, благодарение на заедничките напори на градот и медицинскиот персонал од сите краеви на земјата, посочи Ми.

Во Вухан беа регистрирани 46.452 случаи на Ковид-19, што е 56 проценти од бројот на заразени во Кина. Во градот починаа 3.869 луѓе, што е 84 отсто од вкупниот број на смртни случаи во Кина.

Досега во Кина се евидентирани 82.827 заразени луѓе со Ковид-19, од кои 4.632 починале, а 77.394 оздравеле.

ЕУРО 2020

Македонија