вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Во Австрија зголемена невработеноста, околу 300.000 луѓе со скратено работно време

Во Австрија зголемена невработеноста, околу 300.000 луѓе со скратено работно време

Кризата како резултат на коронавирусот продолжува силно да го погодува пазарот на труд во Австрија, пренесуваат австриските медиуми.

Според Министерството за труд, во споредба со октомври, во ноември има зголемување од 33.447 нови невработени.

Во исто време, бројот на слободни работни места опадна, во споредба со претходниот месец, за повеќе од 6.000 – на 58.243.

Исто така, голем број лица се пријавено на скратено работно време, 276.370.

За само една недела, бројот на пријавени лица за работа со скратено работно време се зголеми за околу 57.000.

Службата за вработување (АМС) апелираше до работодавачите да ги користат мерките за помош на австриската Влада и да не ги отпуштаат своите вработени.

Коронавирус