среда, 23. септември 2020. Вести денес: 173
home Вести

Во Австрија стапи во сила забраната за пластични кеси

Во Австрија стапи во сила забраната за пластични кеси

Во Австрија од почетокот на годината се применува забраната за продажба на еднократно употребливи пластични кеси.

Законот предвидува преоден период до крајот на 2020 година, со цел да им се овозможи на фирмите да ги потрошат пластичните кеси во магацините.

Од забраната се изземени биолошко разградливите кеси и тие кои се произведуваат од биолошки материјал.

Но, Законот и наиде на критики од организациите за заштита на животната средина. Тие наведуваат дека во Австрија има околу 7.000 тони пластичен отпад поради пластичните шишиња и кеси и затоа бараат забрана и на пластичната амбалажа.

Коронавирус