недела, 29. март 2020. Вести денес: 31
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Во Австрија повеќе од 5.200 заразени со коронавирусот – Словенија поставува контролни точки на границата

Во Австрија повеќе од 5.200 заразени со коронавирусот – Словенија поставува контролни точки на границата

Бројот на лица заразени со коронавирусот во Австрија се зголеми на 5.282, јави дописникот на МИА.

Ова претставува зголемување за 778 случаи во споредба со вчера, објави австриската информативна агенција АПА.

Во земјата порасна и бројот на починати од Ковид-19, а до сега за вирусот се тестирани над 32.000 граѓани.

Во меѓувреме соседна Словенија воспостави 13 таканаречени надзорни точки на границата со Австрија, за да се контролира патничкиот сообраќај.

За странците да влезат во Словенија сега сите ќе треба да покажат документ дека се негативни на тестот за коронавирусот. Словенечките граѓани, пак, кои мораат да патуваат во Австрија за работа ќе можат тоа да го сторат без проблем.

Во меѓувреме запрен е и железничкиот патнички сообраќај меѓу двете земји.