сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 106
home Вести

Во Австрија мега кластер на коронавирус поради свадба

Во Австрија мега кластер на коронавирус поради свадба

Во австриската општина Шремс турска свадба предизвикала кластер на коронавирус, чии точни размери се уште не се познати.

Од самиот почеток организаторите на свадбата не биле искрени кон општинските власти.

-Во општината пријавени се 350 лица, но имало многу повеќе, истакнуваат од Санитетскиот штаб.

За сега позитивни се 43 лица од овој кластер, а не се исклучува можноста дека бројот значително ќе се зголеми. Се претпоставува дека на свадбата присуствувале околу 700 гости.

Претседателот на општината го обвини семејството за непочитување на мерките.

-Немаше целосен список на гостите. Една недела не лажеа, критикуваше тој.

Поради ваквото однесување на брачниот пар му следи пријава.

Коронавирус