петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 167
home Вести

Во Австралија тестирани над 40.000 лица, а заразени има само во Сиднеј

Во Австралија тестирани над 40.000 лица, а заразени има само во Сиднеј

Сиднеј има најмала бројка на новорегистрирани случаи на коронавирус во последните неколку дена и овој факт може да го потврди трендот дека неодамнешното појавување на вирусот веќе е ставено под контрола.

Во градот во последните неколку дена се пријавени 90 нови случаи на инфицирани.

Тестирани се околу 44.000 луѓе, а во цела Австралија, освен во Сиднеј, речиси и да нема нови случаи.

Австралиските држави и територии вчера почнаа да ја применуваат забраната за влез на жители на Сиднеј поради зголемувањето на случаите со коронавирус во овој милионски град.

Австралија досега има потврдени 908 смртни случаи и вкупно 28.200 инфицирани, а овие бројки се значително пониски од оние забележани во другите земји.

Коронавирус