вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 167
home Вести

Во Австралија пожар на островот Фрејзер, локалните жители евакуирани

Во Австралија пожар на островот Фрејзер, локалните жители евакуирани

Жителите на австралискиот остров Фрејзер, кој се наоѓа на списокот на светското природно наследство, се евакуирани денеска поради шумски пожар.

Откако избувна пожар во еден камп пред седум недели, пожарот ја опустоши североисточната половина на островот, а повеќето жители на долината Хепи се евакуирани.

– Ќе продолжиме да го гасиме пожарот со авиони со цел да се обидеме да ја победиме огнената стихија, изјави Грег Лич, началник на државната служба за итни случаи на Квинсленд.

Тој потврди дека во гаснењето на пожарот учествуваат 90 пожарникари, 38 возила и 17 авиони, најави доаѓање на уште еден канадер од државата Нов Јужен Велс и ги повика сите преостанати жители на долината Хепи да ја напуштат областа што е можно побрзо.

Коронавирус