четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 31
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Во Австралија денеска се одржуваат избори

Во Австралија денеска се одржуваат избори

Австралијанците денеска го избираат составот на новиот парламент и овие избори би можеле да ги вратат опозициските лабуристи на власт, по девет години владеење на конзервативната влада. Последните информации говорат дека изборната трка ќе биде тесна.

Гласачките места беа отворени од 8 часот по локално време, а ќе се затвораат во 18 часот.

Право на глас имаат околу 17,2 милиони државјани кои треба да изберат 151 пратеници во Претставничкиот дом со тригодишен мандат.

Денеска ќе се избираат и 76 претставници во Сенатот,чиј мандат трае шест години.

Партијата или коалицијата која ќе добие најмногу гласови автоматски добива право да формира влада.

Лидерот на опозициските лабуристи, Ентони Албанес, кој во анкетите има мала предност за функцијата иден премиер, ги повика гласачите „да му дадат шанса“.

Актуелниот премиер, конзервативецот Скот Морисон, кој на власт од 2018 година и се кандидира за нов мандат, во последните денови, се чини, ја намали предноста на лабуристите.

Последните две анкети објавени пред изборите, во четвртокот и петокот, на лабуристите им даваат предност од шест отсто. (МИА)

Коронавирус