понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 146
home Вести

Во Австралија 2017-та една од најжешките години

Во изминатите 10 години, седум биле најтопли, само 2011 година била под просекот, соопшти Бирото за метеорологија во годишниот извештај за климата.
Во Австралија 2017-та една од најжешките години

Во Австралија 2017 година била една од најтоплите години и покрај отсуството на климатскиот феномен Ел Нињо во тропскиот дел од Тихиот Океан, соопштија во Сиднеј.

Во изминатите 10 години, седум биле најтопли, само 2011 година била под просекот, соопшти Бирото за метеорологија во годишниот извештај за климата.

– И покрај отсуството на Ел Нињо, 2017 година е карактеристична по високите температури, изјави Карл Браганца од тоа Биро.

Источните австралиски држави, Нов Јужен Велс и Квонсленд, биле најмногу погодени од жешкото време, изјави Браганца и додаде дека 2017 година е трета последователно најтопла година.

Паралелно со тоа, океаните кои ја опкружуваат Австралија се загреале „многу над просекот“.

Бирото наведува дека просечната температура во Австралија од 22,76 степени Целзиусови е зголемена за 1,1 степен од 1910 година и тоа најмногу од 1950 година. Освен тоа, седум од 10 најжешки години се од 2005 досега.

Во неделата во Сиднеј беа измерени рекордни 47,3 степени Целзиусови.

Коронавирус