вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 44
home Вести

Во Авганистан убиен директорот на независно тело за набљудување на избори

Во Авганистан убиен директорот на независно тело за набљудување на избори

Еден полицаец е убиен, а двајца се ранети во бомбашки напад во Кабул, додека со друга престрелка денеска е убиен извршниот директор на независно тело за набљудување на изборите во Авганистан, соопштија локалните власти.

Главниот портпарол на полицијата во Кабул, Фердавас Фарамарз изјави дека вооружени лица го застрелале и убиле Мохамад Јусуф Рашид, извршен директор на невладиниот Авганистански форум за слободни и фер избори (ФЕФА).

Нападот се случил додека Рашид утрово одел кон канцеларијата на ФЕФА во Кабул, а неговиот возач бил ранет и пренесен во болницата.

Во друг напад во Кабул експлодирала бомба, а целта било полициско возило. Во нападот е убиен еден полицаец, а двајца се повредени.

Досега никој не презеде одговорност за нападите. (МИА)

Коронавирус