недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 88
home Вести

Во Авганистан се дели бесплатен леб, кризата со коронавирусот доведе до прехранбена криза

Во Авганистан се дели бесплатен леб, кризата со коронавирусот доведе до прехранбена криза

Авганистанската Влада неделава почна да дистрибуира бесплатен леб за стотици илјади лица низ земјата бидејќи дојде до дисбаланс во дистрибуцијата поради мерките за изолација наметнати од пандемија на коронавирусот, а и поради зголемувањето на цените, соопштија авганистански власти и експертите.

Во првата фаза од проектот, повеќе од 250.000 семејства во главниот град Кабул почнаа да примаат десет тенки наан лебови дневно.

Претседателот Мохамад Ашраф Гани изјави дека леб се дистрибуира и во други градови затоа што зголемените цени тешко ги погодија граѓаните во земјата, една од најсиромашните во светот, каде повеќе од половина од популацијата живее под границата на сиромаштија.

Годишната стапка на инфлација во Авганистан во април изнесуваше 12,1 процент, а кога станува збор за цената на храната таа е 27 проценти повиксока во однос на 11 проценти во претходниот месец, изјави Омар Јова, економист од независниот институт Бируни во Кабул, кој има пристап до најновите владини податоци за потрошувачката кошничка.

„Со оглед на големата зависност на Авганистан од увоз на храна и други непрехранбени производи, нарушувањето на трговијата поради затворањето на границите може да има сериозно влијание врз домашната инфлација“, рече тој.

Растот на цените на храната, што се случува за време на светиот месец Рамазан, е сериозен удар за земјата, измачувана со децениските конфликти со талибанците.

„Ситуацијата со Ковид-19 во Авганистан брзо се развива од здравствена во криза со храна и егзистенцијална криза“, предупреди Парвати Рамасвами, заменик директор на Светската програма за храна за Авганистан.

Авганистан денеска објави дека има вкупно 3.224 позитивни за новиот коронавирус, вклучувајќи 95 мртви.

Коронавирус