недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 66
home Вести

Во Аргентина воведен ковид данок за милионери

Во Аргентина воведен ковид данок за милионери

Во Аргентина од денеска стапува на сила одлука за воведување еднократен данок за најбогатите луѓе за да и се помогне на државата да плаќа медицински материјали и да обезбеди стимулации за компаниите кои се во криза поради пандемијата со Ковид-19.

Аргентинците со имот од над 2,3 милиони долари, а се проценува дека ги има околу 12.000, ќе треба да платат сума од околу три проценти за пријавениот имот во земјата и над пет проценти за имотот што го имаат во странство, пренесува Би-Би-Си.

Владата се надева дека на овој начин ќе собере околу три милијарди долари, а парите ќе помогнат и за финансирање стипендии и социјална помош.

Аргентинскиот Сенат во декември, со 42 гласа „за“ и 26 „против“, донесе одлука за еднократен данок, наречен „данок на милионери“, како дел од мерките за справување со пандемијата.

Опозицијата ја критикуваше мерката на аргентинските власти, оценувајќи ја како „конфискација“, наведува Би-Би-Си.  (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија