недела, 5. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Во Америка рекордни 3,3 милиони лица добија отказ за една недела

Во Америка рекордни 3,3 милиони лица добија отказ за една недела

Рекордни 3,3 милиони Американци добија отказ и се пријавија за надомест за невработеност во текот на минатата недела, што е најголема бројка досега во историјата на САД.

Досега рекордот беше во октомри 1982 година кога 695.000 луѓе добија отказ во една недела.

„Њујорк тајмс“ пишува дека шокантниот број откази не ја отсликува вистинската ситуација на американската економија, бидејќи голем број американски работници не можат да аплицираат за надомест, а станува збор за тие кои работат со половина работно време, оние кои имаат многу ниски плати, самовработените и оние кои работат со договор на дело.

Аналитичарите оценуваат дека ова е само почеток и дека ќе следат бројки кои ќе бидат уште попоразителни.

Како што пренесуваат американските медиуми, речиси сите сојузни држави воведоа делумни или целосни ограничувања на работата, поради што државата губи многу пари.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека очекува да бидат укинати ограничувањата околу Велигден и повторно да започне придвижувањето на економијата со што здравствените експерти не се согласуваат.

Првпат по 50 години, администрацијата на Трамп ја намали бројката на невработеност под 4,0 проценти. До минатата недела, имаше помалку од шест милиони невработени во САД или 3,5 проценти, така што ова зголемување од 3,3 милиони е речиси 50 проценти.

Во Америка досега има повеќе од 70.000 заразени со коронавирусот, а починаа повеќе од илјада лица.

Парламентарни избори 2020