сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 46
home Вести

Во Амазонија минатиот месец регистрирани 30.901 пожар

Во Амазонија минатиот месец регистрирани 30.901 пожар

Бразилскиот Национален институт за вселенски истражувања објави дека во најголемата дождовна шума на светот Амазонија во август биле регистрирани 30.901 пожар, што е најголем број во еден месец од 2010 година.

Тоа е за 196 отсто повеќе во однос на август минатата година.

Во август 2010 година биле регистрирани 45.018 пожари.

Пожари во Амазонија се вообичаени во периодот на август до крајот на октомври во текот на сушна година.