вторник, 11. август 2020. Вести денес: 106
home Вести

Во Ајдахо два мали авиони се судриле во воздух над езеро

Во Ајдахо два мали авиони се судриле во воздух над езеро

Два мали авиони се судриле синоќа во воздух над езеро во сојузната држава Ајдахо и паднале во водата, засега се пронајдени две жртви.

Според извештаите, местоположбата на авионите спасувачите ја утврдиле само со геолокатор бидејќи потонале на длабочина од 38 метри.

Властите соопштуваат дека бројот на жртвите може да порасне бидеќи во двата едномоторни авиона, Цесна TU206G и Havilland DHC-2 патувале повеќе лица.

-Од водата беа извлечени двајца настрадани кои се мртви… Според првичните сознанија во двата авиона се наоѓале осум патници и членови на екипажот, но таа информација сеуште се утврдува. Има основи да се смета дека нема преживеани, информираа од канцеларијата на локалниот шериф. (МИА)

Коронавирус