четврток, 28. мај 2020. Вести денес: 125
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Внуката на Садам Хусеин напиша книга за нејзиното семејство

Внуката на Садам Хусеин напиша книга за нејзиното семејство

Луѓето имаат погрешна претстава за она што се случило во Ирак, изјави внуката на поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин, Харер Хусеин Камел која се надева дека нејзината нова книга ќе ја расветли вистината за нејзината земја и семејство.

– Избрав да напишам книга за да ја кажам вистината. Историјата на мојата земја е погрешно претставена, рече Харер Хусеин Камел објаснувајќи дека се чувствува одговорна да го разјасни начинот на кој бил прикажан Ирак и нападите на нејзиното семејство.

– Одлучив да ја раскажам приказната за моето семејство кое се обидоа да го дискредитираат, рече таа.

Садам Хусеин владееше со Ирак речиси 25 години, по што беше симнат од власт со инвазија предводена од САД во 2003 година, а подоцна беше погубен. Тој е обвинет за кршења на човековите права за време на неговиот мандат.

Коронавирус