вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 158
home Вести

ВНИМАВАЈТЕ КАДЕ ЛЕТУВАТЕ: Еве во кои земји најмногу се заразиле повратниците од одмор

ВНИМАВАЈТЕ КАДЕ ЛЕТУВАТЕ: Еве во кои земји најмногу се заразиле повратниците од одмор

Австриските власти регистрираат се повеќе случаи на инфекција со коронавирусот кај повратниците од одмори во странство, а најзаразени се оние кои летувале во Хрватска и Шпанија.

Во календарските недели 27 и 28, инфекцијата е регистрирана кај 322 повратници од одмор од Шпанија, како и кај 186 кај повратници од Хрватска. Следуваат новоинфицирани кои биле на одмор во Холандија (61), Малта (52), Грција (43), Германија (21), Франција (18).

Кога станува збор за земјите од Западен Балкан, инфекцијата со корона е регистрирана во Австрија кај само тројца повратници од Србија и Босна и Херцеговина.

Коронавирус